ПОВЕЌЕЗНАЧНОСТ ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК

  • Darinka Marolova
  • Dragana Kuzmanovska

Abstract

Ова истражување се спроведе со цел да се определи поимот
’повеќезначност’ и да се интензивира неговата употреба како термин во
македонската лингвистика, како и да се поткрепат видовите повеќезначност со
соодветни примери од македонскиот и од германскиот јазик. При тоа егземпларно
и компаративно се анализираат лексичката, морфолошката, синтаксичката,
семантичката, референциската, лажната и прагматската повеќезначност. За
мнозинство од појавите на повеќезначност во комуникацијата, говорителите
стануваат свесни дури кога ќе настане некое недоразбирање, па дури и
комична ситуација. А во денешно време и доста вицеви се поврзани токму со
повеќезначноста од кој било вид на исказите.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3