СЛОЖЕНИТЕ ИМЕНКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ СТРУЧНИ ЈАЗИЦИ (ГЕРМАНСКИ, МАКЕДОНСКИ)
Abstract
Предмет на истражување на овој труд се сложените именки
во стручниот германски и стручниот македонски јазик. Целта е да се покаже
дека сложенките се интензивно присутни во стручните тематски полиња,
како на пример, во јазикот на техниката, на политиката, на економијата, на
медицината и сл. Преку егземпларна анализа се потврдуваат постулатите дека
стручната терминологија изобилува со сложенки, при што во германскиот јазик
е постојано отворената можноста за нивно новообразување, кое со постојаниот
развој на науката и техниката се наметнува како нужно, а пак во македонскиот
јазик со доминантен аналитизам, почесно се заемаат ваквите конструкции, или
се обрзуваат како нови творевини по странски модели.