ЗА КОМПЛЕКСНОСТА НА ИЗУЧУВАЊЕ НОВИ ЗБОРОВИ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ

  • Magdalena Batevska
  • Nina Daskalovska

Abstract

За да можат успешно да комуницираат на кој било странски
јазик, потребно е учениците да поседуваат определен фонд на зборови на тој
јазик, т.е. определен вокабулар кој соодветствува на нивното јазично ниво во
рамките на Заедничката европска референтна рамка за јазици. Токму ова е една
од примарните цели на наставата по англиски јазик, да ги оспособи учениците за
успешна комуникација на англиски јазик во различни ситуации, да ги поттикне
учениците за понатамошно рецептивно и продуктивно користење на странскиот
јазик и непрекинато збогатување на веќе постоечкиот лексички фонд. Па, одовде
несомнено произлегува дека суштината на еден јазик е неговиот вокабулар, а
успешното совладување на јазичните вештини: читање, слушање, зборување
и пишување, кај учениците, е директна последница на постојано учење и
збогатување на нивниот фонд на зборови. Во овој труд се дефинираат термините
„вокабулар» и „збор», се дава преглед на тоа што значи да се знае еден збор
и кои аспекти на знаење на зборот ги опфаќа. Понатаму, ќе се разгледа како
изучувањето на вокабуларот влијае врз целокупните јазични вештини. Поради
комплексниот процес и аспекти на учење и поучување на вокабуларот на кој било
странски јазик потребна е имплементација на систематски стратегии и методи
како од страна на учениците, така и од страна на наставниците, нови,современи
и збогатени методи кои ќе им помогнат на учениците полесно и долгорочно да го
консолидираат потребниот вокабулар.

Published
2018-12-22