Модели на процесот на читање
Abstract
За да се објаснат менталните активности вклучени во читањето, истражувачите создале модели на процесот на читање. Во овој труд се дава преглед на моделите на процесот на читање на мајчин јазик кои се најзастапени во литературата за читање на странски јазик исе дискутира за сознанијата што може да ги дадат во однос на читањето на странски јазик. Тие се поделени во три групи според акцентот што го ставаат на текстуалните фактори (вокабуларот, синтаксата, реторичката структура, содржината) и индивидуалните фактори (општото знаење на читателите, нивните когнитивни вештини, интересите и целите на читањето, стратегиите кои ги користат). Постојат три главни категории на модели на процесот на читање: „bottom- up“ модели, „top- down“ модели и интерактивни модели.