ТЕОРИЈАТА НА ШЕМА И ПРОЦЕСИТЕ НА ЧИТАЊЕ

  • Nina Daskalovska

Abstract

Развивањето на вештината на читање е една од поважните цели при
изучување на странски јазици. Но, иако читањето, заедно со слушањето, спаѓаат во
рецептивните вештини, не може да се каже дека читањето е пасивнa активност бидејќи
читањето со разбирање вклучува многу когнитивни процеси како што се сфаќање на
главната идеја во текстот, идентификување на структурата на текстот, активирање на
претходното знаење и негово поврзување со новите информации, правење претпоставки за
содржината на текстот и слично. Процесите на читање најчесто се објаснуваат со моделите
на читање, како што се „bottom-up“, „top-down“ и интерактивните модели. Но, кога
зборуваме за моделите на читање, потребно е да ја споменеме и теоријата на шема која е
предмет на овој труд и со која, исто така, се објаснува процесот на читање.

Published
2020-12-26

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>