ИНТЕГРИРАЊЕ НА МОДЕРНАТА ТЕХНОЛОГИЈА ВО НАСТАВАТА ПО АНГЛИСКИ ЈАЗИК
Abstract
Живееме во свет во кој технологијата е застапена во речиси
секој аспект од животот. Ако технологијата е застапена во нашиот секојдневен
живот тогаш е сосема нормално да биде застапена и во училницата. Правилното
интегрирање на модерната технологијата во наставата по англиси јазик може
да придонесе за позитивна промена и полесно постигнување на образовните
цели. Затоа целта на овој труд е да се доловат начините преку кои модерната
технологија ќе може успешно да се инегрира во наставата по англиски јазик.
Модерната технологија може да е предизвик за многу наставници, но со нејзино
успешно интегрирање предностите се многубројни. Во учењето и предавањето
на јазик технологијата може да се користи за: доаѓање до информации од секаков
вид особено за јазикот, изложување на јазикот, забава, пишување текстови,
објавување на работата на учениците, комуницирање со други ученици,
менаџирање и организирање на учењето итн.