Улогата на литературата во изучувањето на англискиот јазик и нејзиното влијание врз јазичните компетенции на ученикот

Authors

  • Marija Donceva
  • Nina Daskalovska

Abstract

Наставниците можат да ја користат литературата какомоќна алатка во процесот на подучување на странски јазик. Преку неатие би можеле да подучуваат вокабулар, изговор, синтаксички структури,граматика, стилистика и друго во зависност од целите на програматаи од интересите на учениците. Литературата е автентичен материјалкој лесно ги вклучува учениците во светот на фантазијата. Ефектот одова се мотивирани ученици со позитивен став кон учењето. Поемите,романите и приказните може да иницираат силни емотивни одговори. Тиепридонесуваат учениците да ја поврзат сопствената реалност сопонудените содржини, што придонесува учењето да стане задоволство.Но, литературата сама по себе не е доволна. Треба да се изберат методи иактивности кои будат интерес и мотивираат, како и содржини релевантниза учениците. Додека тие се трудат да ја разберат пораката на текстот,разбирањето на новите зборови станува споредно, а нивното учењеинцидентно и спонтано. На овој начин литературните текстови лесноможе да станат мост помеѓу учениците и културата на луѓето чијшто јазиктие го изучуваат. Целта на овој труд е да се сугерира како горенаведенотоможе да се постигне преку различни модели на користење литература.Првиот дел од трудот се фокусира на разликата помегу референтен илитературен текст, понатаму се набројани причините за употреба налитературни текстови во процесот на изучување на странски јазик ие објаснета улогата на ученикот како читател, а на крајот се заклучуваследното: ако литературните текстови се успешно интегрирани вопрограмата, тогаш тоа може да биде најефективниот метод и мотивационаалатка која активно ќе ги вклучува учениците во процесот на учење.

Downloads

Published

2015-07-01

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>