ЕВАЛУАЦИЈА НА РАБОТИЛНИЦАТА ЗА ТВОРЕЊЕ АФОРИЗМИ ЗА ЖЕНАТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“

  • Marija Leontik
  • Mahmut Celik
  • Barije Ibraimova
  • Daniela Vasileva
  • Ibraim Mamudov
  • Nela Popova
  • Nedzla Ibraimova

Abstract

Во рамките на проектот „Евалуација на наставата по јазик и книжевност во високото
образование“ се организира уметничко-културна програма по повод 8 Март и работилница за
творење афоризми за жената. Во културно-уметничкиот дел се читаше поезија за жената на
турски и на македонски јазик, се прочитаа убави мисли за жената и се испеaja песни за жената
кои требаа да инспирираат за пишување афоризми за жената. Во културно-уметничката
програма беа вклучени студентите од Турција и студентите на Групата за турски јазик и
книжевност кои студираат на УГД и наставниците на Филолошкиот факултет при УГД. Во
работилницата за пишување афоризми за жената се вклучија учесниците, наставниците и
гостите на уметничко-културната програма. На крај, студентите од Групата за турски јазик и книжевност направија анонимна евалуација на работилницата за творење афоризми.

Published
2019-11-28

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 4 > >>