КОРИСТЕЊЕ ЈАЗИЧНИ КОРПУСИ ЗА НАУЧНО- ИСТРАЖУВАЧКИ И ПЕДАГОШКИ ЦЕЛИ: МАКЕДОНСКИ КОРПУС НА МЕЃУЈАЗИК (МАКОР) 

  • Marija Kusevska
  • Biljana Ivanovska
  • Cveta Martinovska-Bande
  • Robert Jakimov

Abstract

Целта на овој труд е да го претстави Македонскиот корпус на меѓујазик
(МАКОР). Овој корпус е формиран од страна на Филолошкиот факултет и Факултетот за
информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со цел развивање на методите за
истражување на странските јазици кои се изучуваат во Република Северна Македонија.
Корпусот се состои од три поткорпуси: меѓујазик на македонските изучувачи на англиски јазик,
меѓујазик на македонските изучувачи на германски јазик и говорен јазик на македонски родени
говорители. Трите корпуса се компатибилни и може да се користат за споредување на говорот
на изучувачите на странскиот јазик со македонскиот јазик. Во трудот се претставени и неколку
начини на кои МАКОР може да се користи за научно-истражувачки и за педагошки цели.

Published
2020-12-26

Most read articles by the same author(s)

<< < 1 2 3 > >>