Стекнување прагматичка компетенција

Authors

  • Marija Kusevska University Goce Delcev - Stip

Abstract

Крајна цел на учењето странски јазик е оспособување на изучувачите да комуницираат на јазикот којшто го изучуваат. За да бидат успешни во комуникацијата, тие треба да ги научат прагматичките принципи на јазикот-цел, т.е. да стекнат прагматичка компетенција. Во оваа стаија се дава преглед на елементите потребни за стекнување прагматичка компетенција во усната комуникација. Посебно внимание се обрнува на говорните чинови, стратегиите на говорните чинови и принципите на учтивост. Стекнувањето прагматичка компетенција има централно место и во Заедничката европска рамка на референтни нивоа (ЗЕРР) којашто ја состави Советот на Европа како поддршка на неговата јазична политика. Затоа се дава преглед и на елементите на прагматичката компетенција наведени во овој документ.

Клучни зборови: прагматичка компетенција, говорни чинови, стратегии на говорните чинови, учтивост, ЗЕРР

 

Downloads

Published

2013-09-22

Most read articles by the same author(s)