За поимот ЛИЦЕ во прагматиката

Authors

  • Marija Kusevska

Abstract

Апстракт: Целта на овој труд е да даде преглед на теориите за лицето,теориите за учтивост и последиците од нивното различно толкување воразлични културни средини. Посебно се истакнуваат теоријата за лицетона Гофман и теоријата за учтивост на Браун и Левинсон, коишто извршилеособено големо влијание во областа на прагматичките и меѓукултурнитеистражувања. Истражувањата вршени во различни културни срединипокажуваат дека лицето и принципот за учтивост се универзални,но начинот на кој се реализираат е специфичен за секое општество.Ваквата посебност често доведува до различни очекувања во процесотна комуникација за коишто соговорниците може да не бидат свесни.Како последица, се создаваат конфликтни ситуации кои доведуваат донедоразбирање и загрозување на лицето и на говорителот и на неговитесоговорници. Контрастивната анализа може да придонесе за правилноразбирање на овие ситуации.

Downloads

Published

2013-11-14

Most read articles by the same author(s)