Хидрогеолошки истражувања на подземна вода во село К’шање, општина Куманово, Република Македонија

  • Vojo Mirchovski
  • Gorgi Dimov
  • Tena Sijakova - Ivanova
  • Blagica Doneva
  • Laste Ivanovski

Abstract

За истражување и експлоатација на вода во околината на селотоК’шање се изведени две истражно-експлоатациони дупнатини. Дупчењетои кај двете дупнатини, главно, се одвиваше низ вулканогено-седиментникарпести маси (aндезитски туфови и игнимбрити) кои спаѓаат во групатана релативни хидрогеолошки изолатори, но во кои постои можност заформирање на издан со пукнатински тип на порозност и слободно ниво наподземна вода.Првата дупнатина (Б-1) е изведена до длабина од 74 m и потрошувачкана истата изнесува 1,2 l/s, додека втората дупнатина (Б-2) е изведена додлабина од 76 m и има издашност од околу 0,8 l/s. Според минерализацијатаводите од овие бунари спаѓаат во малку минерализирани-слатки води совкупна минерализација <1 g/l (кај Б-1 = 0.728 g/l, и кај Б-2 = 0.970 g/l).Врз основа на pH вредноста водите од овие бунари се неутрални со pHвредност околу 7 (кај Б-1 pH вредноста = 7,18, и кај Б-2 pH вредноста =6,96).
Published
Feb 5, 2016
How to Cite
MIRCHOVSKI, Vojo et al. Хидрогеолошки истражувања на подземна вода во село К’шање, општина Куманово, Република Македонија. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 9, n. 9, feb. 2016. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1272>. Date accessed: 25 june 2019.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>