ПРИМЕНА НА ПЛАНОВИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВО РУДНИЦИТЕ ЗА ПОДЗЕМНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВЕНТИЛАЦИЈАТА

  • Vancho Adjiski
  • Dejan Mirakovski
  • Zoran Despodov
  • Stojance Mijalkovski

Abstract

Целта на плановите за управување во рудниците за подземна експлоатација е да го осигура здравјето и безбедноста при работа преку креирање и инкорпорирање на структурни планови, процедури и процеси за секојдневното работење на рудникот. Воведувањето на плановите за управување со вентилација во рудниците за подземна експлоатација се состои од постапки и процедури за ревизија, верификација и корективни мерки за да се обезбеди придржување кон регулаторните стандарди или да се врати  согласеноста на системот со стандардите за безбедност при работа кога ќе се појави вонредна состојба.
Во овој научен труд е опишана можноста за развивање и спроведување на плановите за управување со вентилација за да се обезбеди усогласеност со регулативата, да се зголеми безбедноста и здравјето при работа, да се подобри оперативната ефикасност и да се врати рудничкиот систем во контрола после вонредна состојба.
Во научниот труд, исто така, се презентирани две сценарија за примена на случај. Во првиот случај е презентирано сценарио за примена на плановите за управување, каде се наведени процедурите за мерење на перформансите на вентилациониот систем заедно со процедурите и стандардите за правилно инсталирање на помошен вентилатор. Во вториот случај е презентирано сценарио за примена на плановите за управување со пожарниот систем на рудникот заедно со процедурите за безбедна евакуација и справување со настанатата вонредна состојба.


Клучни зборови: Плановите за управување, вентилација, безбедност при работа, контрола, рудник за подземна експлоатација.

Published
Dec 25, 2018
How to Cite
ADJISKI, Vancho et al. ПРИМЕНА НА ПЛАНОВИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ ВО РУДНИЦИТЕ ЗА ПОДЗЕМНА ЕКСПЛОАТАЦИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ВЕНТИЛАЦИЈАТА. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 12, n. 12, p. 5-13, dec. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2590>. Date accessed: 19 sep. 2019.

Most read articles by the same author(s)