ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОКАЗАТЕЛИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ И ОСИРОМАШУВАЊЕ НА РУДАТА СО ЛАБОРАТОРИСКИ ИСТРАЖУВАЊА

  • Stojance Mijalkovski
  • Zoran Despodov
  • Dejan Mirakovski
  • Vanco Adjiski
  • Nikolinka Doneva

Abstract

Искористувањето и осиромашувањето на рудата се многу значајни показатели речиси кај сите методи за откопување, а посебно се важни кај Подетажниот метод за откопување со зарушување на рудата. Кај Подетажниот откопенметод со зарушување на рудата постои обратнопропорционална врска помеѓу искористувањето и осиромашувањето на рудата, односно со зголемување на едниот параметар се намалува другиот, и обратно. Со секој процент на зголемување на осиромашувањето и намалување на искористувањето, се појавува негативно влијание врз економската вредност на рудните резерви во наоѓалиштето, односно доаѓа до намалување на содржината на металот во рудата, а со тоа се зголемуваат производните трошоци за третирање на рудата и тоа од товарање во откопот до конечната преработка. Во овој труд ќе бидат презентирани начините на кои може да се одреди меѓусебната врска помеѓу коефициентот на искористување и осиромашување на рудата кај Подетажниот откопен метод со зарушување на рудата во лабораториски услови.


Клучни зборови: руда, искористување, осиромашување, Подетажна откопен метод, подземна експлоатација, лабораториски истражувања.

Published
Dec 25, 2018
How to Cite
MIJALKOVSKI, Stojance et al. ОДРЕДУВАЊЕ НА ПОКАЗАТЕЛИТЕ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ И ОСИРОМАШУВАЊЕ НА РУДАТА СО ЛАБОРАТОРИСКИ ИСТРАЖУВАЊА. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 12, n. 12, p. 15-24, dec. 2018. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/2591>. Date accessed: 21 may 2019.

Most read articles by the same author(s)