Квалитетно - технолошки својства кај домашни дво редни форми на јачмен

Authors

  • Natalija Markova Ruzdik University Goce Delcev Stip Faculty of Agriculture Department for crop production

Abstract

Главната цел во ова истражување е да се утврдат квалитетно – технолошките својства кај домашни дво редни форми на зимски јачмен.

Полските опити од ова истражување се реализирани на опитните површини на производната единица "Унисервис Агро" во два локалитета, Овче Поле и Струмица, во текот на две години (2012-2013 и 2013-2014). Опитите се поставени според методот на случаен блок систем, во три повторувања за секој генотип и локалитет, со примена на стандардна агротехника за јачменот.

Како експериментален материјал се употребени вкупно пет домашни генотипови на зимски дворедни форми јачмен. Три од нив се регистрирани сорти (Хит, Извор и Егеј) и две се перспективни линии (Линија 1 и Линија 2).

Од квалитетно – технолошките својства на зрното на јачменот се анализирани следниве параметри: содржина на протеини (%), изедначеност на зрната од I класа (%), водоосетливост (%), степен на накиснување (%), маса на 1 000 зрна (g) и хектолитарска маса (kg/hl).

Содржината на протеините е одредена преку утврдување на содржината на вкупен азот, по методот на Kjeldahl, додека одредувањето на изедначеноста на зрната од I класа, водоосетливоста и степенот на накиснување се работени според стандардите на Европската конвенција за производство на пиво. За утврдување на хектолитарската маса е користен стандардот ISO 797.

Добиените резултати од анализата на квалитетно -  технолошките својства, статистички се обработени со статистичкиот пакет (Stat Soft, 8.0). Освен дескриптивната статистика, податоците за овие својства се анализирани и со методот на кластер анализа (Cluster Analysis, CA), со цел да се утврди поврзаноста односно оддалеченоста на испитуваните генотипови врз основа на квалитетно – технолошките својства.

Генерално, во двата локалитета, добиените просечни вредности за сите квалитетно – технолошки својства, за сите генотипови заедно, просечно за периодот на истражување, се во граница на оптималните вредности, со исклучок на содржината на протеини, која кај сите генотипови е над 12 %.

Генотиповите Линија 1 и Линија 2 се издвоија со најдобри квалитетно – технолошки својства и во двата локалитета, но со добар квалитет на зрното се покажа и генотипот Извор, анализиран во локалитетот Овче Поле.

Со примена на кластер анализата, направена врз основа на квалитетно – технолошките својства, добивме дека сите анализирани генотипови и во двата локалитета се блиско поврзани меѓусебе, издиференцирани во еден кластер, со ислучок на генотипот Линија 1, испитуван локалитетот Овче Поле.

Downloads

Published

05.02.2016

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>