Влијанието на некои хербициди врз квалитетните својства на семенски материјал од пченица

  • Dragica Spasova
  • Tasko Kostov
  • Mirko Mihajlovski

Abstract

Во текот на 1994/95 година беа изведени испитувања со 5 хербицидни варијанти (2,4 D, MCCP+Dicamba, DCPA+MCPP, 2,4 DP+MCPA+Flurocsipir и Hlortoluron+Triasulfuron) и една контролна варијанта (нетретирано), со цел да се види влијанието на хербицидите врз квалитетните својства на семенски материјал од пченица. Во текот на испитувањата, заплевеленоста на опитот беше многу мала (само 2,5 растенија/m² кај контролата), па не може да се даде оценка за ефикасноста на хербицидите. Сите испитувани хербициди влијаеја врз намалувањето на приносот. Приносот се движи од 5450 kg/ha односно 81,3% кај Dicuran forte до 6650 кг/ха односно 99,3% кај Lontrel 418 C во споредба со контролата. Сите хербицидни варијанти влијаеја незначително врз намалувањето на квалитетните својства на семето.
Published
Apr 23, 2013
How to Cite
SPASOVA, Dragica; KOSTOV, Tasko; MIHAJLOVSKI, Mirko. Влијанието на некои хербициди врз квалитетните својства на семенски материјал од пченица. Journal of Agriculture and Plant Sciences, [S.l.], p. pp.42, apr. 2013. ISSN 2545-4455. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA/article/view/323>. Date accessed: 17 july 2019.

Most read articles by the same author(s)