Проектирање и имплементирање на tqm системот преку тимската работа

  • Elizabeta Mitreva
  • Vesna Prodanovska

Abstract

Примената на новата стратегија на тотален менаџмент на квалитет (Total Quality Management) е поврзана со градење на добар систем за управување со квалитет, примена на статистичка процес на контрола (SPC), анализа на трошоците на квалитет и избор на тимови за реализација на сите дејности, согласно со образованието, мотивацијата и способноста на вработените. Но, за исполнување на светските и европските барања треба да се пристапи кон крупни – радикални промени во решавањето на проблемите,тоа е т.н. реинженеринг. Новиот начин на размислување за причините, а не како досега за последиците, е карактеристика на реинженерингот. Она што треба да го направи топ менаџментот е формирање на менаџерски тимови кои ќе ги прифатат промените и што поскоро ќе се вклучат во тековите на пазарното работење, во кое квалитетот е главен предуслов за освојување на купувачите. Правилата на тимската работа кои се однесуваат на почитување на личностите, карактерите, искуствата,знаењето, ќе доведат до релаксирана атмосфера, конструктивен конфликт, креативна тензија и ентузијазам и ќе овозможат новиот пристап кон квалитетот да биде примарен и вграден во секој сегмент на функционирање на претпријатијата, а со тоа и можност за воведување на многу нови пристапи кои досега ги немало.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
MITREVA, Elizabeta; PRODANOVSKA, Vesna. Проектирање и имплементирање на tqm системот преку тимската работа. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 1, n. 1, p. pp.155-168, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/176>. Date accessed: 02 july 2020.