П P O E K T O T „УЛОГАТА НА ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ИНСТРУКЦИИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАГМАТИЧКА КОМПЕТЕНЦИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК“ И НЕГОВО ПРЕТСТАВУВАЊЕ

  • Biljana Ivanovska
  • Marija Kusevska
  • Nina Daskalovska
  • Tatjana Ulanska
  • Liljana Mitkovska
  • Monika Cenova
  • Viktorija Krstevska

Abstract

Приложениов труд има за цел да го претстави проектот под
наслов „Улогата на експлицитните инструкции за стекнување прагматичка
компетенција при учењето англиски и германски јазик“, кој беше пријавен на
Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, преку Фондот за научноистражувачка
работа на именуваниот Универзитет. Во наставата по странски јазици одамна
како главна цел се наведува оспособувањето на изучувачите успешно да
комуницираат на јазикот што го изучуваат. Следбениците на комуникативниот
метод нагласуваат дека не е доволно познавање на вокабуларот и граматичките
структури на јазикот што се изучува (Ј2). Тие треба да се оспособат да прават
правилен избор на јазичните средства во зависност од соговорникот и односот
што го имаат со него. Имајќи ја предвид ваквата цел на наставата по странски
јазици, прагматиката би требало да зазема важно место во неа. За жал, таа и
понатаму останува на маргините на наставата по странски јазици. Во учебниците
е застапена само толку колку што е неопходно да не се обвинат авторите дека
не го следат модерниот приод кон јазикот и дека и понатаму цврсто се држат за
традиционалниот начин на учење на јазикот во којшто граматиката е на прво
место, учењето на вокабуларот на второ, и по малку од останатите области,
вклучувајќи ја и прагматиката.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
IVANOVSKA, Biljana et al. П P O E K T O T „УЛОГАТА НА ЕКСПЛИЦИТНИТЕ ИНСТРУКЦИИ ЗА СТЕКНУВАЊЕ ПРАГМАТИЧКА КОМПЕТЕНЦИЈА ПРИ УЧЕЊЕТО АНГЛИСКИ И ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК“ И НЕГОВО ПРЕТСТАВУВАЊЕ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 53-60, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2508>. Date accessed: 08 july 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>