НАРАТОРИТЕ И ФОКАЛИЗАТОРИТЕ ВО РОМАНОТ „СМРТТА НА ДИЈАКОТ“ ОД ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ

  • Sanja Spaskova
  • Tole Belcev

Abstract

На почетокот од овој труд накратко се презентирани
дефинициите на основните поими кои се употребени во трудот. Потоа е даден
краток текст за тоа што претставува овој роман, каков роман е и што, всушност,
се раскажува во него.
Основата на овој труд е разграничување на нараторите и фокализаторите во
овој роман. Откако ги изнесуваме дефинициите за наратологијата, нараторите,
фокализацијата и фокализаторите преминуваме на нивното пронаоѓање во
самиот роман. При читањето на романот согледуваме дека во него имаме повеќе
наратори кои раскажуваат од две гледни точки. Навидум раскажуваат монахот
Равул и моќниот турски војсководец Тимурташ. Но, ова само ни се чини така,
а вистината е сосема друга. При читањето на последното поглавје од романот
откриваме дека ниту еден од двајцата наратори не се всушност наратори, туку
сеприсутниот наратор е Велзевут, паднатиот ангел на земјата. Тоа е оној кој
им ги зема душите на Равул и на Тимурташ, ги прави негови слуги и раководи,
манипулира со нивните мисли. Тие, всушност, се само фокализатори, односно
фокализатор 1 е Равул, а фокализатор 2 е Тимурташ затоа што преку нивните
гледни точки се раскажуваат настаните.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
SPASKOVA, Sanja; BELCEV, Tole. НАРАТОРИТЕ И ФОКАЛИЗАТОРИТЕ ВО РОМАНОТ „СМРТТА НА ДИЈАКОТ“ ОД ДРАГИ МИХАЈЛОВСКИ. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 151-159, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2519>. Date accessed: 28 jan. 2020.

Most read articles by the same author(s)