„BLENDED LEARNING“ КАКО МЕТОД ВО ИЗУЧУВАЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИК ВО СТРУКА

  • Biljana Ivanovska

Abstract

„Blended learning“ во изучувањето на странските јазици нуди
голема предност во споредба со другите методи и пристапи. Како концепт тој
вклучува обработка на оригинален текст и негова актуализација во процесот
на учење во комбинација со интернет или напредната технологија во наставата,
но користи и аудио и видео снимки од изворни говорници. Во својата наставна
дејност анализирам и обработувам видео и аудио текстови од германски изворни
говорители преземени од различни веб-страници. На овој начин, на студентите
им се приближуваат германските текстови и со тоа се заменува комуникацијата
со изворните говорители. Во текот на семинарите кои ги изведувам предавајќи
странски јазик во струка, користам текстови за слушање, како и видеоматеријали,
поставени на е-учење или онлајн курсеви. Студентите имаат можност, но и
обврска да се запознаат со текстот однапред, а подоцна текстот го користам за
вежби. Оригиналниот текст не го менувам, не ја менувам брзината на истиот, и
го користам за понатамошни вежби.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
IVANOVSKA, Biljana. „BLENDED LEARNING“ КАКО МЕТОД ВО ИЗУЧУВАЊЕТО СТРАНСКИ ЈАЗИК ВО СТРУКА. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 273-278, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2533>. Date accessed: 02 june 2020.

Most read articles by the same author(s)