КОНСПИРАТИВНО СТАЦИОНАРНО ЗГРИЖУВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ 1941-1944

  • Verica Josimovska

Abstract

Потребата од стационарно лекување  на ранетите  во НОБ во Македонија за време на Втората светска војна била поврзана со обемот на воените операции на теренот. Доколку тие биле поинтензивни и пообемни потребата од лекување и згрижување на тешко ранетите била поголема. Во таа насока се движел и развитокот на партизанските болници во Македонија.  До пред крајот на војната биле исклучиво подвижни амбуланти и прифатилишта со територијална функција, во планинските и шумските села во зафрлените шумски колиби. Единствени неподвижни установи во партизанскиот санитет во Македонија биле корпусните болници и болницата на ГШ на НОВ и ПОМ во октомври 1944 година.

Клучни зборови: болници, НОБ, Македонија, Втора светска војна.

Downloads

Download data is not yet available.
Published
2019-05-28

Most read articles by the same author(s)