Персонална изложеност на гасови на вработените во металургијата
Abstract
Глобално зголеменото индустриско производство, зголеменатасветска и домашна потрошувачка, како и зголемениот број на населениедоведоа до зголемена потрошувачка на ресурси и енергија, што директноводи до емисија на поголеми количини на штетни гасови, кои ја деградираати уништуваат работната и животната средина. Емисијата на штетнигасови од индустријата претставува еден од најголемите загадувачи наработна и животна средина, односно на амбиентниот воздух во РепубликаМакедонија имајќи предвид дека најголем дел од индустриските капацитетинемаат поставено филтри за пречистување на гасовите пред да сеиспуштаат во воздухот. Кај повеќето индустриски капацитети е присутнастара и неефикасна производна технологија со ниско производно ниво одедна страна, а од друга страна не постои соодветна опрема за мониторингна гасовите кои се емитираат во атмосферата и се главна причини зазагадување на воздухот. Овој проблем посебно е изразен во металуршкатаи хемиската индустрија. Во овој труд се прикажани резултатите одперсонална изложеност на одделни штетни гасови (CO, NO2 и SO2) навработените во металургијата.Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2016-02-05
Issue
Section
Article
How to Cite
Персонална изложеност на гасови на вработените во металургијата. (2016). Natural Resources and Technology, 9(9). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1282