СИСТЕМ ЗА АНАЛИЗА И КЛАСИФИКАЦИЈА НА ЧОВЕЧКИОТ ФАКТОР ВО РУДАРСКАТА ИНДУСТРИЈА ВО МАКЕДОНИЈА
DOI:
https://doi.org/10.46763/NRT21152023lKeywords:
грешка, несреќа, повреди при работа, безбедностAbstract
Историски гледано, рударството секогаш се сметало за високоризична индустрија. Сепак, воведувањето на нови технологии и зголемената безбедност резултираа со значително намалување на стапките на несреќи и повреди во последните неколку децении. Во обид за понатамошно намалување на овие стапки, треба да се разреши проблемот со човечкиот фактор поврзан со инциденти и несреќи. Целта на овој труд е да се анализира ризикот во однос на човечката грешка, нејзините причини и можните последици од настаните предизвикани од грешката. За да се идентификуваат трендовите на човечкиот фактор како причина за насреќи во рударството во овој труд е применета модифицираната верзија на анализа и класификација на човевкиот фактор во рударската индустрија (HFCAS-MI).
