Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини
Abstract
Со развојот на техниката и технологијата градовите се развија во големи индустриски центри и се судрија со проблемот на бучавата. Ова особено важи за урбаните средини каде што комуналната бучава како загадувач на животната средина е присутна 24 часа. Неконтролираното ширење на градовите доведува до појава на населби блиску до индустриските објекти, аеродромите и фреквентните сообраќајници со што се создаваат т.н. мешовити зони.Општа цел на политиката за контрола и управување на бучавата е да се задоволи потребата сите активности во општеството да бидат усогласени со желбата на населението за тивко општество. Широките оперативни цели вклучуваат барања за заштита, унапредување и подобрување на квалитетот на живеење, односно потребата за еколошки одржлив развој, намалување на здравствените ризици и спречување на деградацијата на животната средина. Ваквата политика настојува да промовира еколошка добросостојба преку спречување и минимизирање на нивото на бучава.
Downloads
Download data is not yet available.
Downloads
Published
2014-04-15
Issue
Section
Article
How to Cite
Политика за контрола и управување на бучавата во урбани средини. (2014). Natural Resources and Technology, 7(7). https://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/836