НОВИ ЗБОРОВИ ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНА ПАНДЕМИЈАТА

  • Gzim Xhaferri
  • Biljana Ivanovska

Abstract

Целта на овој труд е да се опишат и анализираат новите зборови во
лексиконот на германскиот јазик за време на пандемијата со вирусот Ковид-19. Се
обидуваме да ги дефинираме неологизмите, да ја претставиме нивната класификација,
начинот на нивното навлегување во јазичниот систем, како и нивната конкретна јазична
употреба. Се анализираат германски лексеми кои по своето значење и употреба директно
или индиректно се поврзани со корона кризата во општествениот систем. Борбата
против корона пандемијата повлече со себе и промени не само во општествениот,
здравствениот и политичкиот систем, туку воопшто влијаеше и на јазичниот систем.
Несомнено е големо влијанието на коронавирусот и врз јазичниот систем, односно
негово збогатување со нови зборови и потреба за именување на новите состојби
предизвикани од овој вирус, како од прагматички, така и од когнитивни причини.

Published
2021-11-03

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>