ВНАТРЕШНИ И НАДВОРЕШНИ МОДИФИКАЦИИ НА ГОВОРНИОТ ЧИН „ИЗВИНУВАЊЕ“

  • Stefan Trajchev
  • Biljana Ivanovska

Abstract

Прагматиката е наука којa ја изучува и опишува јазичната
комуникација и говорните чинови со одредени комуникациски цели. Теоријата на
говорни чинови во основа се занимава со она што луѓето го прават со јазикот, односно
кои функции ги извршуваат со помош на јазикот. Извинувањето се дефинира како
говорен чин со кој повторно се воспоставува нарушениот однос помеѓу соговорниците
предизвикан од некоја грешка, навреда или прекршок. Говорниот чин извинување опфаќа
пет стратегии, сепак иако една од петте споменати стратегии е доволна за да се
реализира говорниот чин на извинување, често се комбинираат две или три стратегии за
да се создаде поголем интензитет. Покрај петте главни стратегии, постои можност да се
измени извинувањето внатрешно или надворешно, со интензивирање или ослабување
на истото. Изразувањето на загриженост кон слушателот се смета како екстерно
модифицирање на извинувањето, па така разликуваме внатрешно и надворешно
модифицирање на извинувањето. Засилувањето на внатрешното модифицирање се
реализира со вметнување на прилози, емотивни извици, маркерот за учтивост „те молам“
и со повторување на изразите за извинување. Засилувањето на надворешното извинување
се реализира преку подготвителни изјави и со осврнување на чувствата на слушателот,
односно оштетениот. Ублажувањето на внатрешното модифицирање е изразено со
намалување на вината на говорителот, додека пак намалувањето на надворешното
модифицирање е изразено преку понуда за надоместување на штетата, хумор, преку
забелешка која се однесува на иднината и/или директната стратегија. Модифицирањето
на извинувањето позитивно влијае на говорниот чин извинување и ја зголемува неговата
прагматична вредност.

Published
2021-11-03

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>