ЗБОРОВНАТА ГРУПА ИМЕНКИ СО ЕМОЦИОНАЛЕН ПРИЗНАК ВО ТЕКСТОВИ ОД ОБЛАСТА НА ПОЛИТИКАТА
Abstract
Јазикот и емоциите се наоѓаат во нераскинлива поврзаност. Дури и да
сакаме да покажеме дека емоциите можат да бидат независни од јазикот, а јазикот од
емоциите, тоа не е можно без разлика на промените кои ги претрпуваат. Така, јазикот
служи да ги опише емоциите, а емоциите да го поттикнат јазикот. Целта на овој труд е
да ја прикаже емоционално-јазичната врска, можностите за изразување на една емоција
со помош на јазичниот знак, на кој начин субјективната карактеристика на емоциите
можат да ја променат објективноста во јазикот на печатот воопшто и дали позитивно
или негативно вреднуваната јазична единица која означува емоција, ја менува вредноста
во одредени контексти.