НЕОЛОГИЗМИ ВО СОВРЕМЕНИОТ ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК ПРЕКУ ПРИМЕРИ ОД ДИГИТАЛНИОТ РЕЧНИК OWID

  • Biljana Ivanovska
  • Gzim Xhaferri

Abstract

Вокабуларот на еден јазик е релативно отворен систем, кој е подложен
секогаш на промени во однос на комуникативните и на когнитивните барања и потреби
на јазичната заедница. Постојано се јавуваат нови зборови во јазичниот систем и
постојано постои исчезнување на застарените зборови. Доколку се споредат различните
нивоа на јазичниот систем (фонетика, морфологија, лексика, синтакса, варијациите на
јазичниот систем), тогаш се согледува дека лексиконот е област која е најлесно подложна
на промени. Затоа, промената на јазикот е очигледна секогаш прво на лексичко ниво на
вокабуларот. Така се создаваат неологизми, од една страна, а од друга страна пак, некои
лексички единици застаруваат и излегуваат од употреба и преминуваат во архаизми. За
зборовите што недостасуваат и изумираат во јазичниот систем ретко се зборува, бидејќи
повеќе не се во секојдневната комуникација и употреба. Во овој труд се задржуваме на
новите зборови во германскиот лексикон и нивните образувања на сложени јазични
елементи (сложенки). Во трудот посебен акцент се става на сложенките образувани
со лексемата Krypto, како и на неологизмите преземени од дигиталниот речник на
германскиот јазик – OWID.

Published
2023-12-07

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>