НАЧЕЛОТО НА ЗАКОНИТОСТ – НУЖЕН КОРЕКТИВ ПРОТИВ АРБИТРЕРНОСТА НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА

  • Олга Кошевалиска
  • Димитар Апасиев
  • Елена Максимова

Abstract

Секој национален казнено правен систем е базиран на извесни принципи, кои
се плод на неговата правна традиција и кои се оформени врз основа на карактеристиките на
правниот и општествено политичкиот систем на државата. Оттука, содржината на правните
начела е нераскинливо поврзана и зависна од политичкото уредување и границите на
арбитрерност и ограничување на фундаменталните човекови права. Во оваа смисла, кривичното
право и кривичната постапка отсекогаш биле зависни од развитокот на политичкиот систем, па
оттука и од начелата на казненото право можеме да оцениме дали еден политички систем е
арбитререн или либерален. Современите начела се цивилизациска придобивка од развојот на
кривично правната теорија и пракса. Во овој коавторски труд ќе направиме обид да го
анализираме начелото на законитост, неговиот историски развиток, неговата имплементација во
меѓународните инструменти, во Меѓународниот кривичен суд како и меѓународните ad hoc
трибунали, Европскиот суд за човекови права, како и правните последици кои се резултат на
неговата примена. Посебен осврт ќе дадеме на начелото на законитост во македонското
позитивно казнено право. Имено, принципот на законитост е темелна вредност, човеково право,
но и фундаментален принцип во казненото законодавство. Согласно ова основно начело – нема
кривично дело и нема санкција без претходна законска одредба: Nullum crimen, nulla poena sine
lege, што всушност преставува гарнација за човековата слобода. Начелото на законитост ги
штити граѓаните од арбитрерноста на државните органи, од незаконитото мешање, но има за цел
и да осигури правичност и транспарентност на судските власти.
Клучни зборови: законитост, кривично дело, кривична постапка, ретроактивност, кривичен суд

Published
May 27, 2019
How to Cite
КОШЕВАЛИСКА, Олга; АПАСИЕВ, Димитар; МАКСИМОВА, Елена. НАЧЕЛОТО НА ЗАКОНИТОСТ – НУЖЕН КОРЕКТИВ ПРОТИВ АРБИТРЕРНОСТА НА ДРЖАВНИТЕ ОРГАНИ ВО КРИВИЧНАТА ПОСТАПКА. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 8, n. 8, may 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/2992>. Date accessed: 27 june 2019.

Most read articles by the same author(s)