СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И СТАВОВИ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ

  • Билјана Тодорова
  • Страшко Стојановски
  • Јадранка Денкова

Abstract

Прашањето на семејно насилство иако во глобални рамки се адресира подлабоко низ историјата, во регионот Југоисточна Европа и во државата практичната примена на неговата превенција во многу начини зависи од традиционалните односи во заедниците. Во трудот се претставува основната нормативна рамка за превенција и заштита на жртвите од семејно насилство, притоа инкорпорирајќи, кривично-правни, граѓански и аспекти на организирање на соодветните институции на државната управа, во прв ред Центрите за социјална работа. Дополнително, во рамки на трудот е спроведено истражување во почетокот на 2019 година од тим на професори и студенти на Правниот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип преку кое се согледуваат основни детерминанти и ставови на јавното мислење за прашања поврзани со семејното насилство.


Клучни зборови: семејство, насилство, закон, превенција, јавно мислење

Published
Jun 20, 2020
How to Cite
ТОДОРОВА, Билјана; СТОЈАНОВСКИ, Страшко; ДЕНКОВА, Јадранка. СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ЖРТВИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО И СТАВОВИ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 9, n. 9, p. 77-91, june 2020. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3559>. Date accessed: 09 aug. 2020.

Most read articles by the same author(s)