СИНТАКСИЧКА ПОВЕЌЕЗНАЧНОСТ

  • Darinka Marolova

Abstract

Синтаксичката повеќезначност, како еден од видовите повеќезначност е доста непознат феномен за македонската лингвистика. Поаѓајќи од синтаксичката повеќезначност, пред сѐ во германската лингвистика, ние направивме едно поопширно истражување, применувајќи ги теоретските објаснувања и поделби/потподелби на странските лингвисти (овде пред сè мислиме на германските) во македонската наука за јазикот. Ова истражување има за цел да укаже на присутноста на синтаксичката повеќезначност во македонскиот јазик, преку вршење на семантичка анализа на примери од секојдневниот живот. Иако е ретко препознатлив, овој феномен сепак може да доведе до попречувања во текот на комуникацијата.

Published
2017-02-08

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>