ИСТРАЖУВАЧКИТЕ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ – ОСНОВЕН УСЛОВ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА КОГНИТИВНАТА НАСТАВА ВО ПАРАЛЕЛКИТЕ СО ТУРСКИ НАСТАВЕН ЈАЗИК

  • Violeta Dimova
  • Mahmut Celik
  • Umit Sulejmani

Abstract

Според Пиаже, човекот од своето раѓање, паралелно на своето
физичко развивање, се развива и ментално. Зависно од фазите на развитокот на
човекот, некои од функциите остануваат непроменети. Гледано од овој аспект
децата во раната фаза од основното образование размислуваат конкретно
и конкретно извршуваат одредени функции. Учениците коишто од својата
дванаесетта и тринаесетта година почнуваат да ги извршуваат имагинарните
функции, со текот на годините сѐ повеќе ги развиваат и менталните функции.
Додека претходно учениците од основното образование можеа само да ги
разберат конкретните теми, сега истото можат да го сторат и со имагинарните.
Учителите и родителите треба да ги забележат овие когнитивни особини на
детето и според истите да ги приспособат условите за учење и образование.
Гледано од овој аспект, се забележуваат значајни разлики кај учениците од
седмо, осмо и деветто одделените при разбирање на имагинарните теми и во
развојот на подоцнежните способности (Ј. Piaget, 2004:13-20). Токму затоа е
значајно да се одберат вистинските техники и методи.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)