Семантиката на турскиот суфикс -џи/-чи /-CI/ (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü) во турскиот и во македонскиот јазик

  • Marija Leontik

Abstract

Македонскиот и турскиот народ живееле заедно пет века и турското влијание врз македонскиот јазик е големо. Влијанието на турскиот јазик врз македонскиот јазик може да се следи главно од 16 век до денес, во услови на успешно спроведена стандардизација на нормираниот македонски јазик.

Турскиот јазик влијаел врз морфологијата на македонскиот јазик. Влијанието на турскиот јазик врз морфолошкиот систем на македонскиот јазик се гледа особено во внесување на нови суфикси како што е -џи/-чи /-Cİ/ (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü). Овој суфикс има зборообразувачка фукција. Пр. алваџија, бозаџија, бојаџија, гајдаџија, билетчија, бурекчија, саатчија, симитчија, килимџија и сл.

Турскиот суфикс -cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü (-џи/-чи) успеа да се оддели од лексичката заемка, да стане самостоен и да добие зборообразувачка функција во македонскиот јазик. Пр. филмаџија, фудбалџија, компјутерџија, љубовџија, скапчија, сметкаџија, шегаџија и др.

Во овој труд ќе се анализира семантиката на турскиот суфикс џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü) во турскиот и во македонскиот јазик.

Kлучни зборови: македонски јазик, турски јазик, турски суфикс џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü), семантика на џи/-чи (-cı, -ci, -cu, -cü, -çı, -çi, -çu, -çü).

References

Велковска, Снежана; Антевска, Веновска Снежанка; Маџоска, Груевска Симона; Михајловска, Додевска Олгица; Грујовска, Јованова Елена; Џамбазова, Петрова Снежана; Ристеска, Стефановска Фани; Тантуровска, Лидија; Евроска, Топлиска Катица; Цветановски, Гоце; Ралповска, Бандиловска Елизабета; Дрвошанов, Васил; Каранфиловски, Максим; Цветковски, Живко. (2003). Толковен речник на македонскиот јазик. Том 1. Институт за македонскиот јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје;

Велковска, Снежана; Велковска, Бисерка; Антевска, Веновска Снежанка; Михајловска, Додевска Олгица; Грујовска, Јованова Елена; Јовеска, Оливера; Каранфиловски, Максим; Ристеска, Стефановска Фани; Евроска, Топлиска Катица; Цветановски, Гоце; Ралповска, Бандиловска Елизабета; Цветковски, Живко. (2005). Толковен речник на македонскиот јазик. Том 2. Институт за македонскиот јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје;

Велковска, Снежана; Велковска, Бисерка; Антевска, Веновска Снежанка; Маџоска, Груевска Симона; Ѓоргиева, Давкова Светлана; Конески, Кирил; Каранфиловски, Максим; Ралповска, Бандиловска Елизабета; Ристеска, Стефановска Фани; Денчова, Стоевска Еленка; Евроска, Топлиска Катица; Цветановски, Гоце; Цветковски, Живко. (2006). Толковен речник на македонскиот јазик. Том 3. Институт за македонскиот јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје;

Димитровски, Тодор; Корубин, Благоја; Стаматоски, Трајко. (1986). Речник на македонскиот јазик. Македонска книга - Скопје;

Ergin, Muharrem. (1985). Türk Dil Bilgisi. Boğaziçi Yayınları - İstanbul;

Конески, Кирил. (1995). Зборообразувањето во современиот македонски јазик. Бона - Скопје;

Леонтиќ Марија. (2009). Турските суфикси во македонскиот јазик со паралели од македонската патронимија и топонимија. (необјавена докторска дисертација). Универзитет „Свети Кирил и Методиј“, Филолошки факултет „Блаже Конески“ - Скопје;

Настева Јашар, О. (1987). Турските елементи во јазикот и стилот на македонската народна поезија. МАНУ - Скопје;

Настева Јашар Оливера. (2001). Турските лексички елементи во македонскиот јазик. Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје.

Published
2014-06-04

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>