Ставовите на студентите од педагошкиот факултет - Штип за квалитетот на моделот за практично оспособување на студентите/идни наставници

  • Sonja Petrovska
  • Snezana Stavreva-Veselinovska

Abstract

Подготовката за непосредна педагошка работа на студентите-идни наставници е едно од клучните прашања за кои расправаат сите оние кои на еден или на друг начин се вклучени и/или заинтересирани за образованието. Интересот е сосема оправдан ако се има предвид научно потврдениот став – квалитетот на образованието на наставниците е една од основните детерминанти на степенот на постигнувањата на учениците. Во тој контекст, светската образовна фела постигнува консензус околу потребата за професионализација на наставничката работа барајќи одговори на прашањата: На кои содржини треба да се стави акцент во процесот на нивното иницијално образование? Каков курикулум да се дизајнира? Дали наставниците ќе бидат поуспешни во својата работа ако во текот на иницијалното образование усвојат поголем фонд на знаења и развијат способности за примена на истите или пак ако се оспособат за континуирани промени на сопствената практика и трансформации на веќе стекнати педагошки стратегии? Дали во текот на иницијалното образование наставниците ќе се подготвуваат како практичари кои рутинирано ќе применуваат проверени дидактичко-методички приоди или како рефлективни професионалци кои во секој момент од својата педагошка дејност ќе можат да одговорат не само на прашањата што и како нешто се работи, туку и зошто се работи?
Published
Apr 18, 2013
How to Cite
PETROVSKA, Sonja; STAVREVA-VESELINOVSKA, Snezana. Ставовите на студентите од педагошкиот факултет - Штип за квалитетот на моделот за практично оспособување на студентите/идни наставници. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 7, n. 11, p. pp.81-97, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/229>. Date accessed: 08 dec. 2019.