ПРВИТЕ ПРЕВЕДУВАЧИ НА ОСМАНСКО-ТУРСКИ ДОКУМЕНТИ И ПРВИТЕ ИСТРАЖУВАЧИ НА ОСМАНЛИСКИОТ ПЕРИОД ВО МАКЕДОНИЈА

  • Marija Leontik

Abstract

Во 1943 година е формирана Демократска Федеративна
Југославија. Во 1945 година се преименува во Федеративна Народна Република
Југославија, а во 1963 година во Социјалистичка Федеративна Република
Југославија. Новата република Македонија стана една од шесте републики
на Југословенската федерација. Во 1943 година е Демократска Федеративна
Република Македонија, во 1945 година се преименува во Федеративна Народна
Република Македонија, а во 1963 година во Социјалистичка Федеративна
Република Македонија. Република Северна Македонија независноста ја
прогласи во 1991 година.
Во новоформираните образовни и научни институции (Група за историја
со историја на уметноста на Филозовскиот факултет во 1946 год., Институт
за национална историја во 1948 год., Државен архив на Народна Република
Македонија во 1951 год.) имаше малку познавања за Османлискиот период во
Македонија. Архивистите и научните работници во овие институции започнаа
со интензивно преведување на османско-турските документи од Османлискиот
период. Преведените документи од Османлискиот период на научните
работници им дадоа добра основа за научно истражување на Османлискиот
период во Македонија.

Published
2023-03-04

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>