ГЕНИТИВНИОТ ПАДЕЖЕН ОДНОС КАЈ ИМЕНКИТЕ ВО ГЕРМАНСКИОТ ЈАЗИК ВРЗ ПРИМЕРИ ОД ЕЛЕКТРОНСКИОТ КОРПУС COSMAS
Abstract
Целта на овој труд е објаснување на генитивниот падежен однос кај
именките во германскиот јазичен систем и негова реализација во конкретна реченица.
Како корпус за анализа се користат примери од електронскиот корпус COSMAS на
Институтот за германски јазик во Манхајм, СР Германија. Се анализираат примери кои
го обработуваат овој јазичен феномен и истите се поткрепени со реченични потврди
преземени од дневните весници: Der Tagesspiegel (2000 – 2022), Thüringische Landeszei-
tung (2000 – 2012 и 2017 – 2022), Freie Presse (2011 – 2022), Bersenbrücker Kreisblatt
(2012 – 2019) и Gießener Anzeiger (2004 – 2022).
Во трудот посебно внимание се посветува на реализацијата на генитивниот
падежен однос на именката во поврзаност со титулите, функциите, професиите,
специјалностите преку конкретни реченични реализации од анализираниот корпус.