ОСКУЛТАЦИЈА – ТЕХНИЧКО НАБЉУДУВАЊЕ НА ХИДРОЈАЛОВИШТЕ

  • Blagoj Golomeov
  • Mirjana Golomeova
  • Afrodita Zendelska

Abstract

Јаловиштата дефинирани како Инсталации за отпад согласно Законот за минерални суровини претставуваат брана и таложно езеро. Сите брани со висина поголема од 15 метри, како што се сите хидројаловишта во РСМ, припаѓаат на групата објекти кои мораат трајно да се следат заради нивната потенцијална деструктивност кон пошироката околина. Затоа, тие треба редовно да се следат преку визуелно и контролно набудување. Законска обврска е, врз основа на сите добиени информации и податоци, презентирани во соодветниот елаборат, годишно да се проценува стабилноста на инсталацијата и нејзиното влијание врз поширокото опкружување. Целта на овој труд е да се прикажат потребните активности што треба редовно да се преземаат со цел ефикасно и безбедно управување со овие објекти и исполнување на законските обврски.

Published
Oct 22, 2019
How to Cite
GOLOMEOV, Blagoj; GOLOMEOVA, Mirjana; ZENDELSKA, Afrodita. ОСКУЛТАЦИЈА – ТЕХНИЧКО НАБЉУДУВАЊЕ НА ХИДРОЈАЛОВИШТЕ. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 13, n. 13, p. 11-16, oct. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/3263>. Date accessed: 14 nov. 2019.