Македонските преводни еквиваленти на глагоите во германскиот јазик што искажуваат психичка состојба

  • Biljana Ivanovska
  • Jovanka Denkova
  • Mahmut Celik

Abstract

Во основата на овој труд се наоѓа идејата да се опишатповратните глаголи што искажуваат психичка состојба во германскиоти во македонскиот јазик, таа да се генерализира на сите глаголи штоискажуваат психичка состојба, како и да се претстават преводнитееквиваленти во македонскиот јазик. На овој начин се поставува темата наоваа работа во поопшти рамки на истражување. Како корпус се користатгермански и македонски глаголи (повратни, транзитивни, интранзитивни,безлични) ексцерпирани од пишаниот и говорниот македонски игермански јазик. Нашата анализа на глаголите што искажуваат психичкасостојба во германскиот и во македонскиот јазик (/sich/ lieben, hassen, /sich /freuen, / sich /fürchten, sich schämen, trauern, /sich/ wundern, /sich/enthalten, /sich/ denken, /sich/ begeistern u.a - /се/ сака, /се/ мрази, /се/ радува, /се/ плаши, /се/ срами, /се/ жали, /се/ чуди, /се/ воздржува,/се,си/ мисли, /се/ воодушевува и др.) покажува дека тие претставуваат(функционално и структурно) специфична категорија, разгледувани наниво на морфологијата, синтаксата и семантиката.
Published
Nov 28, 2014
How to Cite
IVANOVSKA, Biljana; DENKOVA, Jovanka; CELIK, Mahmut. Македонските преводни еквиваленти на глагоите во германскиот јазик што искажуваат психичка состојба. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 5, n. 5, p. pp. 135-142, nov. 2014. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/914>. Date accessed: 14 july 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>