Процеси на читање
Abstract
За да им се помогне на учениците да ја совладаат вештината на читањето, наставниците треба да знаат што е можно повеќе за процесите кои се вклучени во читањето и како да го применат тоа знаење во наставата. Како резултат на истражувањата во психологијата, социологијата, образованието и лингвистиката, денес имаме нови сознанија за менталните процеси кои се случуваат при читањето. Читањето се дефинира како психолингвистичка игра на погодување, како комуникација, како динамичен процес во кој читателот има активна улога во создавањето на значењето на текстот. Во овој труд се дискутира за процесите вклучени во читањето, како и моделите на читање со кои се прави обид да се објаснат тие процеси. Препораката за наставниците е дека за да им се помогне на учениците да ја развијат вештината на читање, покрај презентирање и вежбање на стратегии за читање, наставниците треба да ги поттикнуваат учениците да читаат колку што можат повеќе. За таа цел, неопходно е во програмите за читање да се вклучи и компонента за екстензивно читање.Downloads
Published
2013-04-18
Issue
Section
Articles
