Осврт врз јазичното влијание во германскиот и македонскиот современ јазик

  • Jagoda Strezovska
  • Biljana Ivanovska

Abstract

Меѓу јазичните односи и врски се важен сегмент за развојот и опстанокот на секој современ јазик. Денешните тенденции се стремат кон поразбирлива и полесна комуникација. За таа цел туѓите лексеми и заемките претставуваат значаен и незаменлив дел од лексиконот на секој јазик. Позајмената лексика е жив сведок за контактите со другите народи на англиски, француски, латински, италијански и други јазици чие лексичко богатство се прима во сопствениот јазик. Заемките дејствуваат како огледало на културната и стручната размена и со тоа го рефлектираат ставот на општеството кон новините што се случуваат. Екстра лингвистичките фактори кои го условуваат феноменот на јазичното позајмување се протегаат од социолошки, психолошки,културни, економски, политички и други фактори, па сè до едно опсежно истражување од сферата на социолингвистиката, психолингвистиката и другите науки.

Published
Apr 12, 2013
How to Cite
STREZOVSKA, Jagoda; IVANOVSKA, Biljana. Осврт врз јазичното влијание во германскиот и македонскиот современ јазик. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.145-150, apr. 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/106>. Date accessed: 24 jan. 2020.

Most read articles by the same author(s)

1 2 > >>