Ликот на хуманистичкиот наставник

  • Nina Daskalovska

Abstract

Истражувањата на полето на изучувањето на јазикот од психолошка перспектива се појавиле кон крајот на XIX век, но посистематски студии за афективните и личните фактори кои влијаат врз учењето на јазикот започнале во 50-тите години на XX век. Следејќи ги хуманистичките трендови во тој период се појавиле неколку методи на учење како што се методот на тивок пристап (The Silent way), сугестопедија (Suggestopedia), методот на учење на јазикот во заедница (Community Language Learning) и методот на целосен физички одговор – TPR (Total Physical Response). Во центарот на овие методи е ученикот, неговата добросостојба, неговите потреби и интереси, неговата личност. Сите овие методи му приоѓаат на ученикот како целосна личност која треба да се поттикнува за да го достигне својот целосен потенцијал во пријатна и опуштена атмосфера.
Published
Apr 17, 2013
How to Cite
DASKALOVSKA, Nina. Ликот на хуманистичкиот наставник. Воспитание / Vospitanie - Journal of Educational Sciences, Theory and Practice, [S.l.], v. 6, n. 10, p. pp.123-129, apr. 2013. ISSN 1857-8705. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/article/view/209>. Date accessed: 09 apr. 2020.