МОТИВИРАНОСТ НА НАСТАВНИКОТ ЗА САМООБРАЗОВАНИЕ И ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Keywords:
наставник, мотивација, самообразование, професионален развојAbstract
Во трудот се изнесени теориските разгледувања за мотивираноста на
наставникот за самообразување и професионален развој. Развојот на науката и техниката
ја условил потребата за осовременување на наставата, а самото тоа и професионалното
усовршување на наставникот. Самообразувањето како облик на образование и учење
на возрасните, во конкретниот случај возрасните наставници, е битен услов за
професионалниот развој на наставникот, со оглед на тоа дека знаењето стекнато со
формалното образование и стручното усовршување на наставникот не е доволно за да
се влезе во чекор со промените во науката. Кај наставникот треба да се формира свест
за опшественото значење на творештвото, да се изгради потреба за иновација и да се
мотивира да работи на професионално усовршување како полесно би можеле да внесат
иновации во својата воспитно образовна работа со цел да се модернизира наставата во
современото училиште..