СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ И РЕЛИГИСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Authors

  • Емилија Петрова Ѓорѓева

Keywords:

религиско воспитание, училиште

Abstract

Ако некогаш имало потреба јавно и поопширно да се зборува за потребата и значењето на правилно воспитување на децата, тогаш тоа е денес, кога нашата младина се најде во ќорсокак, под влијание на порнографскиот печат и деструктивните филмови полни со насилства и започна да залутува од вистинскиот пат и да оди во пропаст. Верското образование е во воспитна криза. Се создава впечаток дека со сите свои велелепни храмови, непроценливо свештено богатство, богослуженијата, со големиот број на парохии, епархии, манастири, црковни училишта и други институции, во последно време и богата издавачка дејност, со големиот број на образовани клираци, Црквата не е во состојба да ја шири својата мисија на начин со кој би се едуцирале не само испуштените генерации, туку на систематски начин верски да се образуваат и идните генерации, а со тоа да се запре процесот на секуларизација на Црквата и да се образуват црковни личности, а не само религиозни луѓе. Никогаш како досега не било толку тешко да се навлезе во менталетот и карактерот на еден зрел човек или дете и да се придобие неговата доверба. Уште од раѓањето детето се воспитува како фанатичен потребител. Училиштето од него создава суров и груб професионалец. Најдобар пријател му е компјутерот. Најголем дел од времето го поминува пред телевизорот и гледа содржини кои му го разрушуваат неговото кревко психофизичко битие. Затоа во прилог на аларматно тешката морална и духовна криза што го наметнува прaшањето за остварување на верското воспитание во современто училиште, ќе се обидеме да разработиме дел од прашањата кои ќе бидат изложени. Ова е скромен придонес кон расветлувањето на оваа многу значајна проблематика и прилог кон воведувањето на верското воспитание во современото училиште.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-06-07

Most read articles by the same author(s)