ВОСПИТНАТА ФУНКЦИЈА НА ДИРЕКТОРОТ ВО СОВРЕМЕНОТО УЧИЛИШТЕ
Keywords:
директор, современо училиште, воспитна функцијаAbstract
Факт е дека воспитно-образовните работници се клучни субјекти, кои што директно влијаат на остварувањето на целите на воспитно-образовните активности, како на ниво на училиште, така и на национално ниво. На директорот на училиштето му е доверена улогата да ги води, да ги поттикнува и да ги насочува нивните активности, како и усогласување на сите други училишни потенцијали и одговорност за воспитно-образовните процеси и резултати.Директорот е клучна личност, чии способности и вештини зависат од процесот на развојот и квалитетот на работата на училиштето, што на крајот, се рефлектира преку постигањата на учениците. Неговите компетенции се клучни за квалитетното остварување на визијата, мисијата и целите на училиштето, а со тоа и на целокупното национално образование.