Разграничување на поимите преведување и толкување

  • Dragana Kuzmanovska
  • Darinka Veselinova
  • Biljana Petkovska

Abstract

Јазикот е средство за комуникација меѓу луѓето и служи за размена на податоци, мислења и идеи, без разлика дали се пренесува директно од човек на човек или индиректно преку медиумите. Таквата комуникација може да се одвива непречено, доколку станува збор за комуникација меѓу говорители на ист јазик, или со потешкотии, кога станува збор за говорители на различни јазици меѓу кои на посреден или непосреден начин се пренесуваат елементи од едниот систем на другиот. Пренесувањето на елементите доведува до системски промени кои можат да бидат конвергентни, што подразбира „одреден степен на два одвоени система“. Таквиот процес на пренесување на елементите од еден до друг систем се нарекува преведување. Преведувањето е корисна работа, затоа што им дозволува на луѓето да се разбираат меѓу себе иако не ги познаваат јазиците на другите луѓе. Луѓето отсекогаш стапувале во контакт едни со други, но денешните средства за комуникација (било обичните, било информациските патишта) наметнуваат потреба од речиси секојдневно општење со луѓе кои зборуваат други јазици што не можело ни да се замисли пред еден век, на пример. Оттука произлегува и потребата од изучување на повеќе странски јазици, како произведување на повеќе кадри од областа на преведувачи/ толкувачи. Токму оваа диференцијација на преведувач и толкувач е предмет на овој труд.
Published
Apr 12, 2013
How to Cite
KUZMANOVSKA, Dragana; VESELINOVA, Darinka; PETKOVSKA, Biljana. Разграничување на поимите преведување и толкување. Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.231-238, apr. 2013. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/84>. Date accessed: 19 sep. 2018.

Most read articles by the same author(s)