ПРИМЕНА НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИК – МОЖНОСТИ И ПРЕДИЗВИЦИ

Authors

  • Билјана Ивановска
  • Гзим Џафери

Keywords:

вештачка интелигенција, странски јазик, предизвици, Прашалник за анализа на дискурс, ChatGPT

Abstract

Вештачката интелигенција (ВИ) е еден од најзначајните трендови во 21-иот век, отворајќи нови перспективи за иднината на човештвото. Оваа технологија има големо влијание на секојдневието, олеснувајќи го истото од различни аспекти, како на пример употреба на автономното учење и анализа на големи количини податоци. Во практика, ВИ се соочува со предизвици и отвора многу можности, вклучувајќи ги и образованието и учењето на странските јазици. Но, дали оваа технологија може да ја замени потребата за учење на јазици и какви се најдобрите начини за интеграција на ВИ во учењето на јазици? За да го истражиме ова, правиме анализа на употребата на ChatGPT во изучувањето на германскиот како странски јазик, со цел да ги прикажеме можностите и предизвиците што ги носат новите технологии во наставниот процес. За ова истражување, се користи Прашалник за дискурсна анализа, пополнет од студенти-германисти од два универзитети во Р. С. Македонија. Резултатите од анализата ќе бидат презентирани во овој труд.

Downloads

Download data is not yet available.

Downloads

Published

2024-11-07